Делегација на Кошаркарската федерација на Косово (ККФ), од неодамна членка на ФИБА, вчера престојуваше во работна посета на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Претседателите на двете федерации Петар Наумоски и Еролд Белегу , разговараа за соработка на спортски план што поради близината ќе почне на реципрочна основа да се остварува преку средби на селекциите во подготовките за соодветните континентални првенства.
– Гостите од Косово на средбата во МКФ побараа да го зголемат искуството во организација на меѓународни настани, со оглед на нивното вклучување во Натпреварувачкиот систем на ФИБА. МКФ е подготвена да го стори тоа со цел за усовршување на европската кошарка и напредок на квалитетот, се вели во соопштението од МКФ.