Путин: Нема да ги бојкотираме ЗОИ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја нема да ги бојкотира Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг на кои руските спортисите ќе може да настапат под олимпиското знаме, откако Меѓународниот олимписки комитет забрани настап на Русија под свое знаме.

– Нема да ги бојкотираме игрите. Доколку наши спортисти сакаат да настапат тоа ќе биде нивни личен избор. Мора добро да ги анализираме документите што предизвикаа таква одлука, но сега знаеме дека некои сведочења потекнуваат од луѓе чиј морален и психолошки профил е под знак прашање, изјави Путин.

Тој додаде дека одлуката на МОК е политичка и дека тоа на сите им е јасно.

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски