Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Од:

Познатиот американски ММА борец Антони Руиз откри дека во 2012 година, по мечот во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин му платил 150.000 долари како оштета за повредите кои ги добил.

Американскиот ММА борец Антони Руиз (45) раскажа за своето искуство со рускиот претседател Владимир Путин откако претрпе тежок пораз во Сочи и се здоби со тешки повреди на главата на мечот против Александар Шлеменко. По тој повод претседателот на Русија му платил 150.000. долари како надомест за претрпената штета.

Антони Руиз имаше 61 официјална борба. Во Сочи се бореше против легендарниот Александар Шлеменко и тоа беа три рунди пеколни за Американецот. Шлеменко по три рунди славеше со судиската одлука, додека Руиз грофташе од болки, но сцената по борбата ќе ја памети цел живот.

На овој натпревар присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, по што решил да го награди Американецот. Руиз остана во шок кога ја крена главата и го виде Путин. Му ветил награда и го исполнил ветувањето.

“Не можев да верувам. Банката ми кажа дека парите се од ликови кои не се многу чисти и многу други работи. Знаев дека се од Путин. Едноставно знаев дека се од него. На крајот на краиштата, тој е еден од Најбогатите луѓе на светот и за него 150.000 долари не значат ништо. Ова е живата вистина. Ви се колнам“, рече Руиз.

Се се случило откако се вратил дома. Му се јавиле и му го побарале бројот на сметката.

„Бев во шок. Првиот ден беа депонирани 50.000 долари, вториот 50, а третиот исто така“, вели Руиз. Путин е познат како љубител на боречки вештини. Има црн појас во џудо и е мајстор во самба, а пред година и пол Светската таеквондо организација му го ускрати почесниот црн појас поради војната што ја води во Украина. Потоа Американецот уште два пати гостуваше во Русија, забележувајќи и победа и пораз. Во својата ММА кариера, која заврши во 2019 година, борецот зад себе има 36 победи и 25 порази.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илија Топурија брутално го нокаутира Макс Холовеј

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На мексикански ММА борец од ударите му експлодира увото

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: ММА шампион дави човек сред улица: Го заспав со „гилотина“, па се јавив во полиција

Предраг Петровиќ