Актуелните шампиони на фудбалската Лига на шампиони, фудбалерите на Пари Сен Жермен, ќе играат против Монако во плејофот на овосезонското издание на тоа натпреварување, беше одлучено денес со ждрепка во Нион.
Вториот финалист од минатата сезона, Интер, ќе игра против Бодо Глимт во плејофот, додека рекордерот по број на освоени титули во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, очекува дуел со Бенфика.
Реал Мадрид и Бенфика се сретнаа и во последното коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите, во кое клубот од Лисабон, предводен од клупата од поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, победи со 4:2 со гол на својот голман Анатолиј Трубин во судиското продолжение и го обезбеди своето место во плејофот.
Двојки за плеј-офот во Лигата на шампионите:
Монако – Пари Сен Жермен
Галатасарај – Јувентус
Бенфика – Реал Мадрид
Борусија Дортмунд – Аталанта
Карабаг – Њукасл
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Бодо Глимт – Интер
Олимпијакос – Баер Леверкузен
Првите натпревари од двомечот во плејофот ќе се играат на 17 и 18 февруари, додека реваншите се закажани за 24 и 25 февруари.
Во осминафиналето, победниците од Монако – Пари Сен Жермен и Карабаг – Њукасл ќе играат против Барселона или Челзи.
Победниците од Галатасарај – Јувентус и Клуб Бриж – Атлетико Мадрид ќе играат против Ливерпул или Тотенхем во осминафиналето.
Подобриот од дуелот помеѓу Бенфика – Реал Мадрид и Бодо Глимт – Интер ќе игра против Спортинг од Лисабон или Манчестер Сити во осминафиналето.
Победниците од дуелот помеѓу Борусија Дортмунд – Аталанта и Олимпијакос – Баер Леверкузен ќе играат против Арсенал или Баерн Минхен во осминафиналето.
Првите натпревари од двомечот во осминафиналето се закажани за 10 и 11 март, додека реваншите ќе се играат на 17 и 18 март.