(ВИДЕО) Го заработи најбрзиот црвен картон во историјата на Лигата на шампионите – по три минути и три секунди игра

Од:

Само што започна четвртата минута од натпреварот од третото коло од Лигата на шампионите помеѓу екипите на Пафос од Кипар и Каират Алмати од Казахстан кога крилниот напаѓач на кипарскиот тим, Жоао Кореја се обиде да шутне една висока топка, но сепак го удри дефанзивецот на Каират – Луис Мата во главата.

Англискиот судија Крис Каванаг немаше друг избор освен да му покаже црвен картон на напаѓачот на Пафос, кој не протестираше премногу бидејќи знаеше дека неговиот потег е опасен за противничкиот играч.

29-годишниот репрезентативец на Зелено’ртските Острови мораше да го напушти теренот по само три минути и три секунди, што е најбрзо заработениот црвен картон во историјата на Лигата на шампионите.

Претходниот рекордер беше Украинецот Олександр Кучер, кој во 2015 година, на средбата меѓу неговиот Шахтјор и Баерн Минхен, заработи исклучување за три минути и 59 секунди поминати на теренот.

Би можело да ве интересира

Јаја Туре испиша историја во ЛШ – прв африкански тренер во лигашка фаза

А1он

Кој против кого во фудбалската ЛШ – ПСЖ ќе игра против Сити, Барселона и Рома

А1он

Шахтјор Доњецк ќе ги игра натпреварите од ЛШ на стадионот на Челси

А1он

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите

Горан Наумовски

Ова се двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите

Атлетико и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите