ПСЖ и официјално е прогласен за шампион во Лига 1

Од:

Француската фудбалска сезона е официјално прекината и Пари Сен Жермен е крунисан за шампион на Лига 1 за сезоната 2019-20.

Парижаните водеа со 12 бода пред Олимпик Марсеј пред да го прекинат шампионатот во средината на март поради пандемија од коронавирус во која животот го загубија повеќе од 24.000 луѓе во Франција.

Веста дојде откако премиерот, Едуард Филип во изјавата во вторникот рече дека сите спортски настани во земјата се забранети до почетокот на септември.

Пулените на Томас Тухел го освоија својот седми шампионат за осум години. Во Лигата на шампионите следната сезона се квалификуваа ПСЖ, Марсеј и третиот Рен.

Во Лига Европа одат екипите на Лил, Ница и Ремс, додека Амиен и Тулуз се селат во втората дивизија.

Лориен и Ленс освоија промоција во елитата на францускиот фудбал.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра