Прволигашка кошарка нема да има викендов

Од:

Прволигашка кошарка нема да се игра ниту овој викенд, а новата сезона најверојатно ќе стартува следниот викенд. На денешниот состанок на Здружението на прволигашите се дискутираше по новонастанатата ситуација.

Присутните членови на девет прволигаши беа едногласни дека натпреварите треба да почнат што е можно побрзо, а беше прифатен предлогот на претставникот на КК Куманово. Овој предлог ќе биде доставен до федерацијата, тоа значи: првото коло да се одржи следниот викенд (19 и 20 ноември), а парите за лиценци да бидат платени по одржувањето на Вонредното Собрание, според висина утврдена од актуелното или од новото раководство.

Прологнирањето на натпреварите за следниот викенд е од причина што дуелите треба да се пријават во МВР најмалку 48 часа пред одигувањето, а поради обврските кон БИБЛ лигата дуелите неможе да се играат во вторник и среда.

Секако проблем останува висината на таксите што треба прволигашите да ги платат до федерацијата (зголемената такса за лиценци за странци и котизацијата). На состанокот на Здружението на прволигашите присутни беа: МЗТ Скопје, Работнички, Карпош соколи, Фени индустри, Вардар, Куманово, Охрид, Струмица и Кожув, а свој претставник не испрати единствено Пелистер.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ