Натпреварувачката од Кина, Силинг Ји го освои првиот златен медал на ЛОИ во Лондон откако во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка беше најуспешна и на светската титула и ја додаде и олимписката.
Ји имаше погодено 502,9 кругови и за 0,7 беше подобра од Силвија Богачка од Полска, која имаше најдобар резултат до седмата серија во финалето, но потоа потфрли и мораше да се задоволи со среброто.
Бронзениот медал го освои уште една репрезентативка од Кина. Дан Ју со 501,5 погодени кругови беше третопласирана во оваа дисциплина.