Првиот избот на НБА драфтот Австралиецот Симонс во Филаделфија

Од:

Австралискиот кошаркар Бен Симонс како прв избор (пик) на НБА драфтот ќе игра во екипата на Филаделфија.

20-годишниот крилен играч од Универзитетот Лујзијана Стејт, е роден Мелбурн, а со своите 208 сантиметри, и раскошниот талент кој го демонстрира минатата сезона која ја заврши со просечен учинок од 19,2 поени, 12 скокови и пет асистенции по натпревар, уште од сега НБА стручњаците во го најавуваат како идна голема ѕвезда.

Вториот пик Брендон Инграм, крилото на Дјук ќе оди во ЛА Лејкерси. Овој играч го споредуваат со Кевин Дурент. Треиот пик Џилијен Браун е избран од Бостон, додека младиот Хрват, Драган Бендер (роден 1997 година, висок 216 сантиметри), како четврти пик од Макаби Тел Авив ќе се пресели во Феникс.

Најдбрите пет пикови ги комплетира плејмејкерот Крис Дан од Универзитетот Провиденс. Според стручњаците Дан е најдобриот плејмејкер во својата класа.Веднаш се појави и шпекулацијата дека тој во Минесота најверојатно ќе замени Шпанецот, Рики Рубио.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on