Првиот ден на Отвореното првенство на САД во тенис (УС Опен) мина без поголеми изненадувања и победи на фаворитите, иако некои од нив имаа тешка работа.
Најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Шварцман со 3:0 во сетови. Енди Мареј славеше со 3:1 над Робин Хасе, додека со истиот резултат и Жо Вилфред Цонга го победи Хуан Монако. Победи од 3:0 постигнаа и Стан Вавринка и Милош Раониќ.
На женскиот дел од турнирот Марија Шарапова триумфираше со 2:0 во сетови, додека пласман во следната рунда со истиот резултат обезбедија Јелена Јанковиќ, Роберта Винчи, Сара Ерани.
Победа од 2:1 во сетови остварија Венус Вилијамс, Анџелика Кербер, додека Каролине Возниацки ќе игра во второто коло откако противничката Магдалена Рибарикова при резултат 1:1 во сетови го предаде мечот.