Први победи за Казахстан и Азербејџан на Европското првенство во футсал

Од:

Репрезентациите на Казахстан и на Азербејџан синоќа ги остварија првите победи во групите на Европското првенство во футсал што се одржува во Белград.

Во рамките на групата Ц Казахстан ја победи Хрватска со 4:2 и за пласман во четвртфиналето ќе го чека исходот од дуелот од последното коло во групата меѓу Русија и Хрватска. Русија и Казахстан имаат по три бодови.

Слична е ситуацијата и во групата Д каде Азербејџан ја победи Чешка со 6:5 и заедно со Италија имаат по три бодови. Во последното коло играат Италија – Чешка.

Денеска на шампионатот се играат дуелите: Украина – Шпанија (Б група) и Португалија – Србија (А група). Сите четири селекции имаат изборено пласман во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска