Кошаркарите на Кожув ја постигнаа првата победа сезонава во Првата лига откако синоќа на домашен терен ја совладаа Струмица со 84:65.
Најефикасен на дуелот беше Кенион Мек Нил со 26 поени.
На другите два дуела одиграни вчера:
Работнички – Вардар 92:65 и
Пелистер – Фени Индустри 60:83.
На првиот натпревар од 3.коло одигран во вторникот Куманово како гостин славеше на теренот на АВ Охрид со 96:66.
Табела: Работнички 6 бодови, Фени Индустри 6, Куманово 5, АВ Охрид 4, Пелистер 4, Струмица 4, Кожув 4, Вардар 3.