Кошаркарите на Струмица ја постигнаа првата победа сезонава во Првата лига откако попладнево во дуел од 7.коло како гости го совладаа Пелистер.
Под водство на новиот тренер Васко Атанасов, струмичани го совладаа Пелистер со 86:76. Одличното прво полувреме, кое гостите го добија со 53:42 им ја донесе победата. Најефикасен на дуелот беше Тајлер Дил (Струмица) со 35 поени.
Победа на домашен терен во оваа рунда оствари Блокотехна, која го совлада Охрид со 92:78.
Попладнево се играат уште натпреварите: Кожув – Куманово (16 часот) и Шкупи – Карпош Соколи (18 часот).
Утре од 17 часот се игра дербито на колото Гостивар – Работнички.
Дуелот Фени Индустри – МЗТ Скопје е закажан за 29 ноември.
Табела: Блокотехна 13 бодови, Работнички 12, Карпош Соколи 11, Охрид 11, МЗТ Скопје А.10, Гостивар 10, Фени Индустри 10, Куманово 8, Пелистер 8, Струмица 8, Кожув 7, Шкупи 6.