Прва победа за јунироската кошаркарска репрезентација Македонија на ЕП Б дивизија во Естонија

Од:

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа откако попладнево во дуелот од 3.коло ја совлада Република Ирска со 73:55 (16:14, 21:12; 15:18 и 21:11). Ова беше натпревар од 3.коло од Д групата од Европското првенство Б дивизија што се игра во Талин, Естонија.

По минималната предност во првиот период 16:14, нашите јуниори на крајот од првиот дел имаа и двоцифрена разлика 37:26. Во продолжението противникот успеа да намали, но во последниот период избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов имаа и водство од +20 поени разлика (69:47).

Најефикасни во нашата репрезентација беа: Мартин Труснов со 19 поени и Лука Стојановски со 18. Утре е слободен ден, а Македонија во вторник во рамките на 4.коло игра против Швајцарија.

На вториот дуел од 3.коло од нашата група Швајцарија ја победи Данска со 54:53. Од ова коло треба да се одигра уште и натпреварот Естонија – Белгија.

По некомплетното трето коло Швајцарија е прва на табелата со 5 бодови, Естонија, Белгија, Македонија и Данска имаат по 4, а Република Ирска е последна со 3.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ