Футсал репрезентацијата на Македонија со победата од 4:1 им се реваншира на хрватските фудбалери за поразот на првиот кнтролен дуел од пред два дена.
За македонската футсал репрезентација ова беше првата победа по седум натпревари против Хрватите.
Зоран Левевски и Адријан Мицевски постигнаа по два гола за составот на Македонија. Селекторот Васко Скендеровски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа во составот.
– Потврдивме дека со храбра игра можеме да се надигруваме и со најсилните европски репрезентации. Играчите беа мотивирани да се борат за победа откако добрата игра не ја крунисавме со позитивен резултат на првиот натпревар. Се боревме и против традицијата, победата е прва за нас против седмиот најсилен европски состав по седум натпревари. Тоа посебно не радува и ни дава дополнителна мотивација за следните силни пресметки. Овој состав може да се бори за големи резултати, треба да веруваме во тоа и да им ја дадеме поддршката.
На првиот натпревар во Муртер, Хрватска славеше со 4:3. Двете пресметки беа дел од подготовките на Македонија за квалификациите за Европското првенство во Србија.