Екипата на Филаделфија конечно ја постигна првата победа сезонава во НБА лигата откако ноќеска го совлада тимот на ЛА Лејкерс на домашен терен со 103:91.
Со тоа тимот од Пенсилванија ја прекинаа серија од 18 натпревари без победа сезонава или ова им беше прв триумф од 25.март кога последен пат се радуваа на победа во лигата. Воедно, ова беше дуел на двата последнопласирани тима во конференциите.
Кај Филаделфија шест играчи имаа двоцифрен број поени, а најпрецизен беше Роберт Ковингтон со 23, додека кај ЛА Лејкерс Коби Брајант постигна 20.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Кливленд – Вашингтон 85:97,
Филаделфија – ЛА Лејкерс 103:91,
Бруклин – Феникс 94:91,
Минесота – Орландо 93:96,
Њу Орлеанс – Мемфис 104:113,
Далас – Портланд 115:112 по продолжение.
Пласман Источна конференција: Кливленд 13-5 (победи-порази), Индијана 11-5, Чикаго 10-5, Мајами 10-6, Торонто 11-7, Атланта 12-8, Шарлот 10-7, Орландо 10-8, Бостон 10-8, …
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 19-0, Сан Антонио 14-4, Оклахома Сити 11-7, Мемфис 11-8, Далас 11-8, ЛА Клиперс 10-8, Јута 8-8, Феникс 8-10, Минесота 8-10,…