Нема веќе екипи во НБА лигата кои не ја почувствуваа радоста на победата оваа сезона во НБА лигата, откако ноќеска Филаделфија по седум порази во низа, стигна до позитивен резултат.
„Сиксерси“ ја совладаа Индијана дури по петминутното продолжение, бидејќи основните 48 минути завршија без победник.
Постигнати резултати на осумте средби од НБА лигата одиграни ноќеска:
Шарлот – Торонто 111:113,
Орландо – Јута 74:87
Филаделфија – Индијана 109:105 (по продолжение),
Вашингтон – Кливленд 94:105,
Бостон – Њујорк 115:87,
Оклахома – ЛА Клиперс 108:110,
Сан Антонио – Детроит 96:86,
Портланд – Сакраменто 122:120 (по продолжение).
Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 8-1 (победи-порази), Голден Стејт 7-2, Оклахома 6-3, Сан Антонио 6-3, Хјустон 5-3,…
Пласман Источна конференција: Кливленд 7-1, Атланта 6-2, Торонто 6-2, Шарлот 6-2, Чикаго 5-4,…