Прва победа на шампионот – Норис триумфираше на Големата награда на Унгарија

Од:

Сезоната во Формула 1 стигна до својата половина, а на легендарната патека Хунгароринг победата ја однесе актуелниот светски шампион Ландо Норис.

Норис, кој првпат оваа сезона ја освои пол-позицијата, успеа трката да ја заврши токму на местото од кое стартуваше – пред сите свои ривали.

Со тоа, британскиот возач конечно ја забележа и својата прва победа во актуелната сезона, по едно второ место во Мајами и едно трето место во Барселона.

Втор низ целта помина Макс Верстапен од Ред Бул, додека третото место му припадна на лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели.

Најголем трагичар на трката беше Оскар Пјастри. Австралиецот имаше одличен старт и од третата стартна позиција веднаш се проби на првото место, но 11 круга пред крајот беше принуден да се откаже поради дефект на болидот.

По трката во Унгарија следува летна пауза, а шампионатот ќе продолжи со Големата награда на Холандија, која е закажана за 23 август.

Би можело да ве интересира

Бомба во финишот на преодниот рок: Барселона тргнува по Лаутаро Мартинез, Флик го сака по секоја цена

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Предраг Петровиќ

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит