Прва национална конференција „Жени во спорт”

Од:

Денеска, во организација на Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ, а со поддршка на UN Women, Американската амбасада во Македонија и Факултетот за физичко образование здравје и спорт, се одржа Првата национална конференција “Жени во спорт”. Целта на конференцијата беше да се промовира потребата за родова еднаквост во спортот, со цел да се создаде родово-пријателска клима која треба да стане стандардна карактеристика на сите спортски институции.

„Денес е првиот чекор од нашето патување кон постигнување на родова рамноправност во спортот и во спортскиот сектор и оваа конференција ни понуди продуктивна дискусија, поттикнуванње на соработка и партнерство помеѓу невладиниот сектор, спортските федерации и спортските институции, како и конкретни препораки за постигнување на нашата цел, а тоа е еднаков пристап кон спортот за сите.” вели Силвија Митевска, претседателка на ТАКТ.

„Ова е појдовна точка, треба да бидеме здружени во нашата заедничка цел за поголема вклученост на жени на раководни функции при спортските институции. “ изјави Гордана Нацева, поранешна ракометарка.

На конференцијата земаа учество и споделија лични искуства истакнати македонски спортистки: Моника Гавриловска, генерална секретaрка на Кошаркарската федерација на Мaкедонија; Андријана Зафировска-Мисовски, професорка на ФФК; Андријана Будимир, тренер во ракомет; Едина Муса, репрезентативка во кошарка и Марија Митевска, маратонка; како и претставници од образовните институции надлежни за спорт.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“