Прв пораз за Реал во ТОП 16 од Евролигата

Од:

Кошаркарите на Реал Мадрид го забележаа првиот пораз во ТОП 16 фазата од Евролигата. Тие синоќа во неизвесна завршница се поразени на гостувањето во Истанбул кај Ефес Пилсен со резултат 74:72.

На другите натпревари од 7.коло одиграни синоќа постигнати се следниве резултати: Бросе Баскетс – Жалгирис 87:88, Макаби – Барселона 77:82, Алба Берлин – Уникаха Малага 65:67 и ЦСКА Москва – Панатинаикос 86:69.

Колото ќе се комплетира вечерва со одигрување на трите преостанати натпревари: Химки – Олимпијакос, Фенербахче – Бешикташ и Монтепаски Сиена – Каха Лаборал.

Табела Е група: Реал Мадрид 6-1 (победи-порази), Анадолу Ефес 6-1, ЦСКА Москва 5-2, Панатинаикос 4-3, Жалгирис 3-4, Уникаха 3-4, Алба Берлин 1-6 и Бросе Баскетс 0-7.

Табела Ф група: Барселона 6-1, Монтепаски Сиена 5-1, Химки 4-2, Каха Лаборал 4-2, Олимпијакос 3-3, Макаби 2-5, Фенербахче Улкер 1-5 и Бешикташ 0-6.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он