Просинечки е новиот селектор на Црна Гора

Од:

Хрватскиот тренер Роберт Просинечки денеска во Подгорица изјави дека функцијата селектор на црногорската фудбалска репрезентација е голем предизвик за него и истакна дека ќе даде се од себе за да постигне добри резултати.

Просинечки денеска во Подгорица беше промовиран за нов селектор на Црна Гора. Тој е седми селектор во историјата на фудбалската репрезентација на Црна Гора.

„Го ветивме името на тренерот на крајот на јануари, доцневме неколку дена, но тоа не е проблем. Сите го знаете тренерот и тој беше нашиот прв избор кога се разделивме со Миодраг Радуловиќ. Имаше многу понуди, не сакав да одлучувам до состанокот на Извршниот одбор и планот. По првиот разговор Роберт изрази желба да дојде и после тоа немаше услови од ниту една страна“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора (ФСЦГ), Дејан Савиќевиќ.

Просинечки во текот на својата кариера ги водеше селекциите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

„Ќе дадам се од себе, да се надеваме на успех. Посебно во Лигата на нации, која ни е многу важна. Голем предизвик за мене, Црна Гора има тим кој може да игра со секоја репрезентација. Ќе дадеме се што можеме, верувам со сечија поддршка. Имаме многу време да се подготвиме, да се запознаеме со новата работа и играчи“, рече Просинечки на промоцијата.

Би можело да ве интересира

ФИФА пресуди, Олимпија мора да му плати на Просинечки

Горан Наумовски

Просинечки по трет пат ќе се оперира во Сараево

Ана Ололовска

Просинечки заврши во болница поради исцрпеност

Ана Ололовска