Авторот, моторџија и авантурист Жељан Ракела денеска во 13 часот, во култниот ВАН ГОГ бар во Скопје, ќе ја промовира неговата невообичаена авантуристичка книга „300.000 километри мотоавантура“.
Книгата изобилува со интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања. Ракела минал 300.000 километри, низ пет континенти, за само седум години.
На настанот ќе присуствуваат и Силвана и Тони од мото-клубот „Ноќни волци“, кои ќе ја претстават нивната авантура „Гушни го светот“, односно предизвикот да патуваат со моторцикл низ светот.