Прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2017 година

Од:

Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2017 година.

Традиционално и оваа година Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најуспешните спортисти на Скопје за 2017 година, односно се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (жени и мажи), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (жени и мажи), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Дел од признанијата за најуспешните спортисти ги додели заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.

– Горд сум што денеска имам можност да Ве поздравам, да Ви честитам и да се дружам со Вас. Постигнавте извонредни резултати на најсилни европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено нашето Скопје. Дозволете ми веднаш и од срце да Ви честитам што успеавте да постигнете резултати за почит, резултати за голема афирмација на главниот град и на Република Македонија – изјави заменик-градоначалникот Енвер Малиќи.

Тој, исто така, нагласи дека скромните парични награди што изминатите години беа издвојувани од буџетот на Град Скопје, наредната година ќе бидат двојно зголемени, односно од 300.000 на 600.000 денари, со една единствена цел – поддршка на спортот и спортистите коишто работат на спортската промоција на Градот на првенствата и натпреварите низ светот.

Инаку, покрај вложувањата во врвниот, рекреативниот, масовниот и во спортот за лица со посебни потреби во рамките на можностите, Градот Скопје најмногу вложува во средноучилишниот спорт, односно во иднината на македонскиот спорт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето