Фудбалската федерација на Македонија и општина Гостивар во рамки на заеднички проект ќе вложат триста илјади евра за осовременување на фудбалски терени.
– Реконструкцијата на теренот за игра е дел од проект на ФФМ и УЕФА, со кој десет градови во Македонија ќе добијат современи услови за тренинг и игра. Во оваа фаза, општината треба да го подготви теренот на кој ќе се постави вештачка трева, вели Невзат Бејта градоначалник на општина Гостивар.
Поддршка на проектот даде и фудбалскиот интернационалец, Арџент Беќири, според кого, ова е значен чекор за развој на фудбалот во Гостивар.
– Вакви терени имаат сите поголеми и реномирани клубови. Во иднина, младите фудбалери ќе ги стекнуваат фудбалските вештини на подлога според стандардите на ФИФА и УЕФА вели поранешниот фудбалски интернационалец Арџент Беќири.
Според најавите, реконструкцијата на теренот на стадионот во населбата Дутлок, ќе заврши за еден месец.