Продолжуваат натпреварите во кошаркарскиот шампионат на Македонија

Од:

По еден месец пауза, денека продолжуваат натпреварите во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Вториот дел од сезоната ќе мине во знакот на дербито меѓу Кожув и Куманово екипи кои пред два дена играа меѓусебен дуел и во регионалната Балканска лига (БИБЛ). И овојпат средбата ќе се игра во Гевгелија, а со почеток од 19 часот.

Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, битолски Пелистер ќе биде домаќин на „фенерџијата“ Вардар единствената екипа која досега се нема радувано на победа.

Второ рангираниот тим на табелата Фени Индустри ќе гостува кај екипата на АВ Охрид.

Последниот натпревар од 9.коло ќе се игра во среда во салата „Градски парк“ каде Работнички ќе ја има улогата на фаворит во дуелот со Струмица.

Табела: Работнички 7-1 (победи-порази), Фени Индустри 7-1, Куманово 6-2, Кожув 4-4, Струмица 3-5, Пелистер 3-5, АВ Охрид 2-6, Вардар 0-8.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос