Со денешните три натпревари од 8.коло продолжува ракометната Лига на шампионите. Два дуела се играат од групата А, а еден од групата Д.
Македонскиот првак Металург во ова коло гостува кај Горење во Словенија, кај директниот конкурент за второто место во групата.
Вечерва се играат натпреварите: Чеховски Медведи – Хамбург, Флензбург – Партизан (А група) и Кадетен Шафхаузен – ПИК Сегед (Д група).
Преглед на натпреварите кои се играат в сабота и недела: Адемар – Монпеље, Савехоф – Кил, Веспрем – Констанца, Атлетико Мадрид – Цеље, Горење – Металург, Киелце Санкт Петербург, Шамбери – Силкеборг, Загреб КО – Динамо Минск и Берлин – Барселона.
Табела А група: Чеховски Медведи 11 бодови, Хамбург 11, Фленсбург 10, Монпеље 5, Адемар 3, Партизан 2.
Табела Б група: Веспрем 14, Кил 10, Атлетико Мадрид 6, Цеље 4, Савехоф 4, Констанца 4.
Табела Ц група: Киелце 14, Горење 10, Металург 10, Силкеборг 6, Санкт Петербург 2, Шамбери 0.
Табела Д група: Барселона 14, Берлин 10, Динамо Минск 9, ПИК Сегед 4, Загреб КО 3, Кадетен Шафхаузен 2.