Пет победи по првите пет кола во Суперлига е билансот кој го остварија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и најавија одбрана на шампионската титула.
Тимот од „Јане Сандански3 вечерва со убедливи 98:77 го совлада „Фени Индустри“ и со тоа остана на врвот на табелата како единствена екипа без пораз по првиот дел од Суперлигата. Во серија од три победи влезе и тимот на Кожув кој вечерва славеше во Сарај против Лирија со 87:83.
На третиот дуел од 5.коло, во Куманово истоимената домашна екипа ја забележа првата победа совладувајќи го „Работнички“ со 88:86. По оваа победа кумановци се враќаат во комбинација за освојување на едно од првите четири места и обезбедување пласман во плеј-офот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 5-0 (победи-порази), Работнички 3-2, Кожув 3-2, Фени Индустри 2-3, Лирија 1-4 и Куманово 1-4.