Продолжува финалето помеѓу Ѓоковиќ и Надал

Од:

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, денеска од 13 часот, доколку дозволи времето, ќе го доиграат машкото финале на централниот терен „Филип Шатрие“ во Париз.

Финалето беше прекинато во четвртиот сет, при водство на Ѓоковиќ од 2:1 во гемови, но со предност од 2-1 во сетови за Надал.

Финалната пресметка на Ролан Гарос е нивно петто меѓусебно грен слем финале.

Надал се бори за седмиот рекорден триумф во Париз, а Ѓоковиќ доколку триумфира ќе го комплетира четвртиот последовен успех на големите турнири првпат по 1969 година, кога тоа му успеа на легендарниот Род Лејвер.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех