Продолжена соработката меѓу „ОНЕ“ и МКФ

Од:

Телекомуникацискиот оператор „ОНЕ“ и Македонската кошаркарска федерација денеска објавија дека ја продолжуваат соработката која ќе биде изразена преку поддршка на македонските кошаркари од страна на „ОНЕ“ и на претстојното Европско првенство што годинава ќе се одржи во Словенија.

– Успешната соработка на „ОНЕ“ со македонската кошаркарска гордост резултира со уште еден договор кој ќе опфати и поддршка на македонската репрезентација на ЕП и ние сме горди поради оваа соработка и ќе навиваме за македонските шампиони, изјави Цирил Кафол, генерален директор на „ОНЕ“.

Задоволство од продолжување на соработката искажа и првиот човек на мак-баскетот Даниел Димевски.

– Продолжува фантастичната соработка со компанијата која беше со нас и кога го постигнавме нашиот најголем успех во историјата на македонскиот спорт, но беа со нас и пред тоа и направија многу за афирмација на нашите играчи кои станаа мега ѕвезди, рече претседателот на МКФ.

На денешната прес-конференција присуствуваше и селекторот на Македонската репрезентација Алеш Пипан кој ја поздрави оваа соработка.

– Во овие тешки времиња нема многу компании кои даваат поддршка на спортот, а „ОНЕ“ е една таква која издвојува многу средства за спортот и затоа треба да и се одаде признание.

„ОНЕ“ ќе биде спонзор и на завршниот турнир на Купот на Македонија кој од вечерва до недела ќе се одржи во „СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.

Сите љубители на кошарката кои ќе купат билет за еден од натпреварите на Купот, телекомуникацискиот оператор ќе ги награди со еден „Џабест Сим“ при-пејд производ.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ