Продолжен рокот за пријавување на Скопскиот маратон

Од:

Големиот интерест за учество на годинашното издание на „Виз Аир Скопскиот маратон“, за кој досега се пријавени над 7.000 натпреварувачи, е причината поради кога организаторот реши за го продолжи ркот за пријавување и да им даде шанса на уште заинтересирани.

– Со тоа наместо до денеска, секој кој што сака да биде дел од оваа манифестација треба да побрза и да се пријави на официјалната страница на маратонот (http://skopskimaraton.com.mk/) бидејќи пријавувањето ќе заврши во оној момент кога ќе се пополнат и така веќе зголемените квоти за учество, велат организаторите во соопштение до јавноста.

Додаваат дека Скопје деновиве е преплавен од спортисти и ентузијасти кои во попладневните часови трчаат на кејот покрај реката Вардар, но и по тротоарите покрај улиците.

– Скопјани, но и останатите луѓе од нашата земја и уште од повеќе од 45 држави од светот со нетрпение го очекуваат доаѓањето на 8 мај кога во ‪8:45 на Рекорд во центарот на Скопје ќе започне Виз Ер Скопски Маратон 2016. Сите пријавени учесници ќе имаат можност да ги подигнат своите стартни пакети на 6-ти и 7 мај од ‪10 до ‪19 часот во холот на Конгресниот центар „Александар Македонски“ во Скопје, поранешна Универзална Сала, прецизираат организаторите.

Стартниот пакет за маратон или полумаратон содржи Dry-fit маица со логото на трката, стартен број со чип, торбица, персонално видео, медал на крајот од трката, маратон магазин со инструкции, освежување, онлајн диплома, 20 евра вредносен ваучер од Wizz Air, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот, подарок од партнерите на маратонот.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската унија и Агенцијата за млади и спорт. Маратонот се одржува на 8 мај по повод Денот на Европа”.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ