Претставници на Работнички не се појавија на прес-конференцијата пред „Хуавеј Супер Купот“

Од:

На денешната заедничка прес-конфереција во пресрет на „Хуавеј Супер Купот“ немаше претставници од кошаркарскиот клуб Работнички, а нивното отсуство не беше најавено. Ова предизвика сомневање кај кошаркарските работници дали најтрофејниот македонски клуб викендот ќе отпатува за Охрид каде ќе се игра турнирот.

Организатор на овој куп е Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и општина Охрид.

Од МКФ немаат никакви информации зошто Работнички не се појави со свои претставници на заедничката прес-конференција, но се надеваат дека тимот од „Градски Парк“ ќе настапи во Охрид.

Во првиот Хуавеј Супер Куп покрај куп победникот од минатата сезона, ќе учествуваат и актуелниот шампион МЗТ Скопје, како и финалистите од националните натпреварување Куманово и Кожув.

Сите учесници се согласни дека овој куп е добра шанса да се види до каде е формата на играчите и екипите да се воиграат, бидејќи репрезентативците подоцна им се приклучиле.

Од Кожува фаворитската улога ја препуштаат на МЗТ СКопје и на Куманово, а тренерите на овие две екипи Алеш Пипан и Љубисав Луковиќ, очекуваат интересни дуели и максимално залагање на сите што ќе добијат шанса да настапат.

Според распоредот во првото полуфинале во сабота од 17 часот  и 30 минути ќе играат двете најдобри екипи од купот на Македонија, Работнички и Кожув, а во 20:15 часот за второто место во финалето ќе се борат МЗТ Скопје Аеродром и Куманово.

Финалето е в недела од 19:30 часот.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он