Претседателот на ИОК Бах посакува Олимписките игри да се одржат и во Африка

Од:

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах изрази желба Олимписките игри еден ден да бидат организирани на африканско тло.

– Африка дава голем број на врвни спортисти, а сеуште не била организатор на Игрите. Би биле среќни да видиме кандидатура од овој континент, изјави Бах.

Потенцира дека од моментот на неговиот избор за прв човек на олимпизмот, таа организација размислува за можноста на промени во постапката на кандидатура, што би се отворила можност за повеќе земји и градови кандидати.

– Олимпизмот не е само прашање на врвниот спорт, туку и клуч кој отвора можност и шанси за младите луѓе од целиот свет, да ја градат својата иднина, додаде Бах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он