Претпоследно коло во Топ 16 на Евролигата

Од:

Во кошаркарската Евролига денеска и утре ќе бидат одиграни натпреварите од претпоследното 13.коло.

Дербито на овој круг ќе се игра денеска во Москва каде во дуелот на двете првопласирани екипи од Е групата, ќе се сретнат ЦСКА Москва и Реал Мадрид. Двата тима веќе имаат обезбедено пласман во четвртфиналето.

Од оваа група место помеѓу осумте најдобри има потврдено и Анадолу Ефес кој ќе биде домаќин на Уникаха.

Можност да го стори тоа ќе има вечерва и Панатинаикос кој гостува кај последнопласираниот тим Бросе Баскет, екипа која досега има 12 порази во исто толку одиграни натпревари.

Во групата Ф, каде единствено Барселона има обезбедено четвртфинале, денеска ќе биде одигран натпреварот во Тел Авив каде Макаби ќе го пречека составот на Бешикташ.

Останатите средби ќе се играат утре, а двојките се: Алба Берлин – Жалгирис (група Е), Химки – Каха Лаборал, Фенербахче Улкер – Олимпијакос и Монтепаски – Барселона (група Ф).

Табела – група Е: ЦСКА Москва 9-3 (победи-порази), Реал Мадрид 9-3, Анадолу Ефес 9-3, Панатинаикос 8-4, Уникаха 6-6, Жалгирис 5-7, Алба Берлин 2-10 и Бросе Баскет 0-12.

Табела – група Ф: Барселона 11-1 (победи-порази), Химки 7-5, Макаби 7-5, Олимпијакос 7-5, Монтепаски 7-5, Каха Лаборал 6-6, Фенербахче Улкер 2-10 и Бешикташ 1-11.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он