По двенеделната пауза поради одржувањето на националниот Куп, попладнево во кошаркарскиот шампионат на Македонија продолжуваат натпреварите во Првата машка лига.
На програмата е претпоследното 13. коло кое во салата „Јасмин“ во Кавадарци, носи двојна програма.
Во првиот натпревар од 16 часот, Пелистер ќе игра против Работнички, додека од 18 часот и 30 минути ќе се сретнат Фени Индустри и Струмица.
Средбата меѓу АВ Охрид и Кожув ќе се игра во терминот од 18 часот, додека во последниот натпревар кој ќе започне од 19 часот, Куманово е домаќин на Вардар.
Табела: Работнички 22 бодови, Фени Индустри 21, Куманово 19, Кожув 18, Струмица 16, Пелистер 16, АВ Охрид 15, Вардар 12.