Препукувања помеѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова

Од:

Двете најдобри светски тенисерки, Серена Вилијамс и Марија Шарапова упатија низа навреди на лична адреса.

„Таа го почнува секој разговор со „Толку сум среќна, толку сум задоволна од себе“ – тоа е толку досадно. Затоа таа и во иднина нема да биде повикувана на кул-забавите што ќе се организираат. Ако сака да биде со момче кое сака афроамериканки, само напред“ – изјави Серена.

Овојпат Русинката реши да не премолчи, туки и возврати на Серена, потсетувајќи ја на нејзината врска со тренерот Патрик Муратоглу, кој во тоа време беше оженет.

„Ние имаме огромна почит за она што го правиме на теренот, едноставно мислам дека Серена треба да говори за своите лични достигнување, а не за приватните детали од животот на другите луѓе. Ако сака да кажува лични работи, би требала да каже и како беше во врска со женет човек, по што тој човек се разведе од сопругата“ – возврати Шарапова.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ