Интернационалниот олимписки комитет ИОК денеска соопшти дека во финалната трка за добивање на организацијата за Зимските олимписки игри во 2022 година влегуваат Пекинг, Осло и Алма Ата. Овие три града треба да поднесат детална кандидатура до јануари следната година.
Дефинитивниот избор на домаќин на ЗОИ 2022 ќе се случи на 31 јули 2015 година во Куала Лумпур.
Трката за домаќин на зимската Олимпијада 2022 ја почнаа шест градови, ама сега е преполовена на три, откако Стокхолм, Краков и Лвов не се повеќе во игра.
Од трите потенцијални кандидати домаќини Осло за сега не е потполно сигурен, а норвешката влада на есен ќе ја донесе конечната одлука дали главниот град останува или ќе ја повлече кандидатурата.