Словенечкиот кошаркар Клемен Препелич следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид.
Препелич имаше извонредно издание на неодамна завршениот Евробаскет и беше еден од најзаслужните за златниот медал на Словенија, а одличната форма ја демонстрира и во првите три рунди од францускиот шампионат каде има просек над 20 поени по натпревар. Тоа го привлече Реал Мадрид да му понуди договор за кој Препелич не размислуваше долго, па следното лето ќе биде дел од „кралскиот клуб“.
24-годишниот во Реал ќе му се придружи на својот сонародник Лука Дончич.