Премиер лигата официјално објави што ќе се случи со играчите чии договори истекуваат

Од:

Играчите чии договори истекуваат на 30 јуни годинава, ќе можат да останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната.

Ова e објавено во официјалното соопштение на Премиер лигата.

Овие играчи ќе потпишат краткорочно продолжување на нивните договори, така што тимовите ќе можат да ја завршат кампањата со своите целосни состави.

Се разбира, за тоа да се случи, двете страни мора да се согласат.

Клубовите и играчите треба до 23 јуни да се договорат за предметното продолжување.

– Она што денес решивме е да обезбедиме, колку што е можно, клубовите да ја завршат сезоната со истите состави што ги имаа пред кампањата да запре. Играчите можат да ги продолжат своите договори по 30 јуни – до крајот на сезоната, но за тоа е потребна согласност од обете страни, изјави извршниот директор на Премиер Лигата, Ричард Мастерс.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра