Француската фудбалска репрезентација по изведувањето на пенали против Португалија се пласираше во полуфиналето на ЕП каде за противник ќе ја има Шпанија.
Првото полувреме беше за заборав, а во останатиот дел натпреварот конечно можеа да се видат можности.
Прво се закани Мбапе во 50. минута од натпреварот, но неговиот удар го одбрани португалскиот голман, а во 61. Бруно Фернандеш ја пропушти најдобрата шанса на натпреварот, односно неговиот удар го сопре Маињан.
Две минути подоцна ново големо возбудување пред голот на Франција, но Маињан го запре ударот на Витиња. Во 66-та Франција ја имаше најголемата шанса од игра. Коло Муани шутираше фантастично, но Рубен Диас уште подобро реагираше и ја спаси Португалија.
Во дополнителни 30 минути Португалија имаше две одлични шанси во првото продолжение, но Роналдо и Леао не ги искористија.
Португалецот имаше шанса во 120. минута преку Нун Мендеш, но Маињан го запре и натпреварот продолжи на пенали.
Таму поуспешна беше селекцијата на Франција која во полуфиналето ќе игра против Шпанија која ја победи Германија со 2:1.