На Европското кошаркарско првенство што се одржува во Словенија денеска е слободен ден, а од утре започнуваат елиминациските натпревари.
По одигрувањето на средбите од првата и од втората групна фаза останаа осумте најдобри кои на патот до трофејот доколку изгубат нема да имаат шанса за поправен.
Четвртфиналната фаза утре први ќе ја отворат Србија која заврши на првото место во Е групата и четврто пласираната Шпанија од Ф групата. Нивниот дуел започнува во 17 часот и 30 минути.
На вториот утрешен меч се среќаваат Франција и домаќинот Словенија (почеток 21 часот).
Другите двојки за четвртфиналето се закажани за четврток: (16:45 часот) Хрватска – Украина и (21 часот) Италија – Литванија.
Сите натпревари ќе се играат во Љубљана.