На две недели пред почетокот до „Ол стар“ викендот НБА ги соопшти имињата на играчите кои ќе играат за „Исток“ и „Запад“.
Во почетната петорка на „Исток“ ќе играат играчи од пет различни екипи: Кајл Лаури (Торонто), Леброн Џејмс (КЛивленд), Двејн Вејд (Мајами), Пол Џорџ (Индијана), Кармело Ентони (Њујорк).
На клупата ќе бидат: Џон Вол (Вашингтон), Ајзеа Томас (Бостон), Демаркус Розан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Пол Милсап (Атланта), Крис Бош (Мајами), Андре Драмонд (Детроит).
На „Запад“ улогата на стартери ја имаат: Стеф Кари (Голден Стејт), Кевин Дјурант и Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Кавај Ленард (Сан Антонио).
Тимот на „Запад“ ќе го комплетираат: Крис Пол (ЛА Клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Клеј Томпсон (Голден Стејт), Дрејмон Грин (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио) и Демаркус Казнс (Сакраменто).
„Ол стар“ викендот ќе се одржи оваа година во Торонто во периодот од 12 до 14.февруари во „Ер Канада“ во Торонто.