Познати сите учесници во европскиот бараж за СП 2022

Од:

По завршувањето на квалификациите за Светското првенство 2022, познати се 12-те учесници кои ќе играат во плејофот. Десет од нив беа второпласирани во своите групи, додека Австрија и Чешка доаѓаат преку Лигата на нации.

За првпат во историјата бараж за Мундијалот ќе игра македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ ќе бидат во групата на неносители заедно со, Турција, Полска, Украина, Австрија, Чешка.

Во групата на носители се: Русија, Италија, Португалија, Шкотска, Шведска и Велс.

По ждрепката закажана за 26 ноември ќе се формираат три групи со по четири селекции. Во секоја група ќе се игра по еден полуфинален и еден финален меч. Победниците од сите групи ќе се пласираат на Мундијалот во Катар следната година.

Полуфиналињата ќе се играат на 24 март 2022 година, финалињата пет дена подоцна (29 март).

Би можело да ве интересира

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор

Ана Ололовска

Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел во квалификациите СП и повикаа егзорцист

Ана Ололовска

Мбапе прв пат во кариерата постигна гол за Франција на четири натпревари по ред

Ана Ололовска