Познати се можните противници на Металург во ЛШ

Од:

По синоќешните мечеви од ракометната ЛШ, познати се екипите кои завршија како третопласирани во групите А, Б и Д. Тоа се екипи, кои најверојатно ќе бидат во барабанот-противници на нашиот шампион.

Доколку нашиот шампион успее да го совлада Силкеборг и со тоа да заврши на втората позиција во својата група, негови еветуални противници ќе бидат Чеховски Медведи од групата А, Атлетико Мадрид на нашиот Кире Лазаров од групата Б, и Динамо Минск од Белорусија, екипа која заврши на третата позиција во групата Д.

Во случај пак на неуспех на нашиот шампион против Силкеборг, Металург ќе мора се соочи со второпласираните екипи во останатите групи, каде сеуште го немаме конечниот пласман. Во групата А за првата позиција се борат Хамбург и Фленсбург, во групата Б Веспрем и Кил, додека во групата Д веќе се знае екипата која го освои второт место а тоа е Фуксе Берлин, екипа каде настапува Силвио Хајневетер, голамнот кој се најде во фокусот на македоснката јавност по навредите упатени кон нашите ракометари на СП во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он