Познати двојките за кошаркарскио Куп на Македонија

Од:

Три квалификациски натпревари ќе се играат во машка и уште четири средби во женска конкуренција, за пласман на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија.

Според пласманот во досегашниот дел од Првата лига, а согласно со пропозициите, Кожув, Лирија, Фени Индустри, Куманово и МЗТ Скопје Аеродром се петте екипи кои директно обезбедија место на „Фајнл 8“.

Преостанатите три места ќе им припаднат на екипите кои ќе бидат поуспешни во трите квалификациски дуели. Квалификациските натпревари ќе се играат на 26 јануари и 2 февруари, а ќе се сретнат: Пелистер Спорт – Вардар, Карпош Соколи 2000 – Струмица и Апаве – Работнички.
Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одржи од 28 март до 31 март 2013 година, а бранител на титулата е МЗТ Скопје Аеродром.

Сите осум екипи од женската Прва лига ќе настапат во квалификациите за Купот, а победниците во двомеч дуелите кои се одредени според досегашниот пласман во првенството, ќе обезбедат место на „Фајнл 4“ турнирот кој ќе се одржи на 6 и 7 април 2013 година.

Во квалификациските дуели кои се закажани за 9 февруари и 16 февруари се среќаваат: Ваис Профил – Вигор Скопје, Струга 2009 – Кросиг, Пелистер – Клубски и Вардар Младинец – Бадел 1862.
Титулата ќе ја брани Вигор Скопје.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос