Позитивни вести за фудбалот во Англија

Од:

На екипите во Премиер лигата може да им биде дозволено да играат на своите стадиони.

Владата е подготвена да дозволи тоа да се случи, иако првичниот план требаше да се заврши сезоната на неутрален терен.

Вчера имаше позитивни разговори помеѓу претставници на Министерството за култура, медиуми и спорт и луѓе од Премиер лигата, ФА и Фудбалската лига, како и претставници на полицијата.

Службениците за спроведување на законот соопштија дека немаат проблем да одржуваат натпревари на клупските стадиони доколку се исполнети серија критериуми за безбедност.

Една од главните причини за првичниот предлог за доигрување на сезоната да вклучи натпревари на неутрални терени беше опасноста навивачите да се соберат околу стадионите.

Оваа загриженост останува, но некои клубови забележаа дека оваа опасност постои и на неутрални терени.

Идејата екипите да играат на своите стадиони стануваат сè пореални.

За да се случи ова, клубовите ќе треба да обезбедат почитување на социјалното растојание од два метра.

Тие, исто така ќе треба да платат за дополнителните трошоци на стјуардите за да обезбедат ред.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра