Позираше за време на мечот додека ја гушеше својата ривалка

Од:

Младата американска борачка Макинли Кова привлече големо внимание со победничката фотографија на која се гледа како позира додека ја гуши својата ривалка.

Шампионката на сојузната држава Калифорнија ги подели јавноста и фановите на Интернет, откако позираше пред камерите додека ја гушеше противничката за да ја запечати победата.

Макинли Кова неодамна ја давеше својата ривалка со нозете, а за тоа време се сврте кон камерата и позираше, по што на интернет се појави вирална фотографија. Во таа прилика таа се насмевна на камерата и го држеше лицето со раката.

Видеото и фотографијата привлекоа големо внимание и собраа повеќе од 380.000 лајкови на Инстаграм, а фановите и јавноста беа поделени околу тоа дали ова е генијална фотографија или недостаток на фер-плеј и спортски дух. Во исто време, видеото од овој потег надмина 13 милиони прегледи на TikTok.

Според нејзиниот профил, Кова има рекорд во кариерата од 47 победи и 20 порази. Минатата година стана шампионка на Калифорнија во слободен стил за кадетки.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“