Пожар во „куќата на Нов Зеланд“ во Лондон

Од:

Околу 300 луѓе беа синоќа итно евакуирани од „Куќата на Нов Зеланд“, отворена за време на Олимписките игри во Лондон, по експлозијата на две боци со плин, што веднаш потоа предизвика пожар. Пожарникарската служба соопшти дека пожарот бил брзо локализиран, па не било дозволено огнот да се рашири по целата куќа.

Никој во овој инцидент, прв од овој вид на Олимпијадата, не е повреден.

Инцидентот се случи за време на приемот што за Игрите бил организиран за Новозеланѓаните кои живеат и работат во Велика Британија, како и за гостите на Игрите, дојдени од Нов Зеланд, за да ја следат Олимпијадата.

Не е соопштено дали за време на експлозијата и пожарот што потоа избувна, на приемот имало и новозеландски олимпијци.

Според пожарникарската служба, експлозијата се случила во просторијата каде се подготвувала скара. Таа била толку силна, што двете боци го пробиле таванот на просторијата и останале заглавени во горниот кат, па е среќа што во овој инцидент нема потешки последици.

Полицијата соопшти денеска дека од безбедносни причини, синоќа биле евакуирани и жителите на соседните куќи, но уште во текот на ноќта, луѓето се вратиле по своите домови.

„Куќата на Нов Зеланд“ се наоѓа во лондонскиот кварт Кингс Крос. Таа е изнајмена од новозеландскиот олимписки комитет и Владата на оваа земја, да им биде на услуга на спортистите, навивачите и Новозеланѓаните во текот на одржувањето на Олимписките игри. Такви специјални „куќи“ имаат обезбедено повеќе земји-учесницки на Игрите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он