Повредата на Миркуловски не е сериозна

Од:

Големата борба и пожртвуваност која ја демонстрираа македонските ракометари на синоќешниот меч против Исланд, резултираше и со повреди на двајца наши репрезентативци.

Филип Миркуловски на раце беше изнесен од теренот откако заработи силен удар во бутниот мускул, но според информациите од таборот на црвено-жолтите сепак не станува збор за сериозна повреда.

Нема руптура на мускулот, па денеска Миркуловски ќе се обиде да тренира, по лекаркиот тим и стричниот штаб предводен од Лино Червар, ќе решат дали големиот борец ќе може да настапи во осминафиналниот меч против Норвешка.

На мечот со Исланд се повреди и Манасков, но и неговата ситуација е многу подобра, па и тој би требало да игра на утрешниот меч.

Македонските ракометари денеска со чартер лет патуваат за Албервил, каде вечерва ќе одржат и трениг, пред утрешниот натпревар со Норвешка кој ќе се игра утре во терминот од 16 часот, со што практично ќе биде отворена осминафиналната рунда.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски