Првите луѓе на повеќето јапонски компании, меѓу скоро 13.000 испитаници, се спротивставуваат на одржување на Олимписките игри и Параолимписките игри следната година во Токио, според објавената анкета спроведена преку интернет.
Како што се наведува, во истражувањето учествувале 12.857 компании, од кои 27,8 проценти сакаат натпреварите да бидат откажани, а 25,8 проценти сакаат Игрите повторно да бидат одложени, објави новинската агенција Кјодо. Истражувањето е спроведено помеѓу 28 јули и 11 август.
Олимписките игри требаше да се одржат во Токио ова лето, но тие беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирусот.
Организаторите на Игрите изјавија дека Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги известил дека натпреварите ќе бидат откажани доколку не се одржат следното лето.
Јапонија инвестираше многу во организација на Игрите, официјално 12,6 милијарди евра, иако државниот ревизор изјави дека се потрошени двојно повеќе пари.
Јапонија и Токио се умерено погодени од пандемијата, но бројот на заразени лица се зголемува во последните неколку недели. Според најновите податоци, околу 1.100 луѓе починале како резултат на коронавирусот во Јапонија.