Пoвеќе наменско игралиште ќе се гради во селото Калково

Од:

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаa Договор за изградба на повеќенаменско игралиште во селото Калково, чија реализација треба да почне набрзо, соопштија од службата за информирање на општината.

Поголемиот дел од средствата во висина од 1,5 милиони денари ќе ги обезбеди Владата преку претходно распишаниот јавен повик од Бирото за регионален развој за прибирање предлог проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а останатиот дел од средствата ќе биде обезбеден од буџетот на општина Валандово.

Наредните десетина дена треба да почне постапката за јавна набавка за изведба на проектот кој треба да биде завршен најдоцна до 30 ноември годинава. Со реализацијата на овој проект ќе се исполни долгогодишната желба и потреба од спортски терен на жителите на Калково.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on